Бајден пред состанокот со Путин: Тој знае дека нема да се воздржувам во одговорите

пред 3 години

САД ќе застанат покрај своите европски сојузници против Русија, вети американскиот претседател Џо Бајден пред неговата прва средба во живо со рускиот претседател Владимир Путин, но исто така рече дека тој не бара конфликт и дека сака стабилна врска и соработка со Москва.

Бајден патува за Европа во среда и треба да присуствува на самитите на Г7 и НАТО и да се состане со рускиот лидер во Женева на 16 јуни.

„Ние сме обединети да одговориме на предизвиците што Русија ги претставува европската безбедност, почнувајќи од нејзината агресија врз Украина и нема да има сомнеж за одлучноста на САД да ги бранат нашите демократски вредности, кои не можеме да ги одделиме од нашите интереси“, напиша Бајден.

„Претседателот Путин знае дека нема да се воздржувам да одговорам на идните штетни активности“, наведе Бајден. „Кога ќе се сретнеме, ќе ја повторам заложбата на Соединетите држави, Европа и демократските истомисленици кои се залагаат за човекови права и достоинство“.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Бајден го засили притисокот врз Кремљ, во една прилика јавно нарекувајќи го Путин „убиец“, што наиде на остри критики во Москва.

Но, и двајцата лидери изразија надеж за подобрување на односите, а рускиот претседател во петокот рече дека очекува позитивен резултат од разговорите.

Share
Scroll to Top