Франција повторно се отвора за странски државјани, услов е вакцинација или ПЦР тест против Ковид-19

пред 3 години

Европјаните кои се вакцинирани против коронавирусот и сакаат да ја посетат Франција како туристи ќе можат да влезат во оваа земја од 9 јуни, без обврска да покажат негативен ПЦР тест, објави францускиот министер за транспорт.

Земјата, која генерираше големи приходи со децении, благодарение на туризмот, по паузата што траеше 15 месеци, има план да го започне туризмот со странци. Во овој поглед, ќе бидат укинати условите за влез во врска со тестирањето за Европејците кои биле целосно вакцинирани. Исто така, ќе им биде овозможено на вакцинираните туристи од повеќето други делови на светот да ја посетат земјата, иако за нив е потребен негативен ПЦР тест.

Кодираниот модел со бои во Франција се користи за класифицирање на земји на чии граѓани ќе им биде дозволен или нема да им биде дозволен влез во земјата, пренесува Травелпулс.

Земјите обележани со зелена боја не покажуваат активно ширење на зараза или појава на новите видови на коронавирус кои предизвикуваат загриженост. Освен Австралија и Јужна Кореја, во оваа група во моментов спаѓаат Израел, Јапонија, Либан, Сингапур и Нов Зеланд.

Портокаловите бои укажуваат на земји во кои е забележан активен пренос на заразата, но во контролиран обем. Не е пријавено ширење на загрижувачки видови на инфекција во овие земји. Повеќето земји во светот припаѓаат на оваа група.

Категоријата земји обележани со црвена боја ги вклучува оние во кои е забележана активна циркулација на вирусот и присуство на нови видови. Во групата се Бразил, Аргентина, Бангладеш, Бахреин, Индија, Чиле, Костарика, Уругвај, Колумбија, Боливија, Непал, Уругвај, Шри Ланка, Турција, Јужна Африка, Пакистан и Суринам.

Сите оние кои се правилно вакцинирани и доаѓаат од „зелени“ земји, веќе немаат обврска да одат во карантин или да бидат тестирани при влегувањето во земјата. Ако не се вакцинирани, тие мора да направат ПЦР или тест за антиген, не постар од 72 часа, а исто така не мора да бидат ставени во карантин.

Посетителите од „портокаловите“ земји не мора да бидат ставени во карантин, ниту пак треба да се правдаат зошто сакаат да влезат во земјата. Но, без оглед на тоа дали се вакцинирани или не, тие мора да имаат или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или тест за антиген не постар од 48 часа. Исто така, за невакцинираните жители на земјите од таа група, се применува обврската за седумдневна самоизолација.

На сите оние кои доаѓаат од „црвените“ земји, дури и оние кои биле вакцинирани, им е забрането да влегуваат во Франција, освен ако не ја наведат „неопходната причина“ за посетата, не достават негативен ПЦР или тест за антиген направен во рок од 48 часа по пристигнувањето и се придржуваат на обврската за седумдневен карантин ако биле вакцинирани или карантин за 10 дена ако не биле вакцинирани.

Share
Scroll to Top