Германскиот тениски ас, Александер Зверев, мора да се смета за еден од фаворитите за титулата на Ролан Гарос, откако во вечерниот термин експресно го декласираше Кеи Нишикори со 6:4/6:1/6:1.
Зверев, минатогодишниот финалист од САД опен, ќе влезе во борба за полуфинале против младиот Шпанец, Алехандро Давидович-Фокина, кој претходно го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис.
Германецот е во делот на ждрепката со Данил Медведев и Стефанос Циципас, односно не може да „налета“ на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ до финалето.