Кире Маркоски ново засилување за ФК Шкупи

Кире Маркоски ново засилување за ФК Шкупи

пред 3 години

Шкупи потврди дека се засили во летниот преоден рок со крилниот напаѓач од Академија Пандев, Кире Маркоски, кој потпиша едногодишен договор со скопскиот клуб.

„Како прво, сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин,  спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност.  За време на многуте разговори што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и  на европската сцена беа причините зошто решив да потпишам за ФК Шкупи“ изјави Маркоски.

Маркоски ја почна кариерата како дел од Работнички, по што играше и во АЕЛ Лимасол од Кипар и Трнава во Словачка. Маркоски сезоната 2020/2021 ја помина во тимот на Академија Пандев, каде имаше 11 настапи и постигнати два гола.

Фото: ФК Шкупи

 

 

Share
Scroll to Top