Марио Манџукиќ соиграч на Адеми во Динамо?

Марио Манџукиќ соиграч на Адеми во Динамо?

пред 3 години

Неодамна хрватскиот фудбалски напаѓач Марио Манџукиќ го раскина договорот со екипата на Милан, а најверојатно кариерата ќе ја започне во тимот на Динамо Загреб.

Гласините се засилија откако стана познато дека популарниот Манџо купил луксузен стан во Загреб, па хрватските медиуми пишуваат за неговото враќање во клубот од каде ја започна европската турнеја.

35-годишникот од Славонски Брод започна во Марсонија загреб, па преку Динамо оствари трансфер во Бундеслигата. Таму играше за Волфсбург и Баерн Минхен, па следуваше престој во Атлетико Мадрид, Јувентус, Ал-Духаил и последно во Милан.

За Хрватска настапуваше се до 2018 година и постигна 33 гола.

Share
Scroll to Top