(Видео) Со балада на српски, Мартинијан од „Гранд“ ќе го освојува регионот

(Видео) Со балада на српски, Мартинијан од „Гранд“ ќе го освојува регионот

пред 3 години

Мартинијан Кириловски, кој во регионот стана познат по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, сними нова песна на српски јазик, „Оквир преваре“. Песната ја промовираше преку јутјуб каналот на „Гранд“.

„Оквир преваре“ ја работеа македонски автори – музиката и текстот се на Видан Караѓурковски, а аранжманот е на Иле Спасев. Мартинијан сними и спот за песната чиј режисер е Даниел Јовески.

За потсетување, Мартинијан се натпреваруваше пред две години во балканското музичко шоу и беше еден од милениците и на публиката и на жирито.

Share
Scroll to Top