HMD Global во текот на април го претстави Nokia C20, а сега компанијата ја официјализираше Plus варијантата на телефонот.
Како и стандардниот модел, Nokia C20 Plus го користи Android 11 (Go Edition), а го покренува Unisoc SC9863A чипсет. Телефонот доаѓа со 3 GB RAM и 32 GB простор, а има и слот за microSD картичка за проширување на просторот до 256 GB.
Куќиштето на уредот е едноделно и е изработено од поликарбонат, со 3Д брановиден дизајн, за кој Nokia истакнува дека телефонот го прави силен и издржлив.
Nokia C20 Plus има 6,5-инчен HD+ LCD екран, со засек во кој се наоѓа 5MP селфи камерата. На задната страна има кружен систем со главна камера од 8MP и сензор за длабочина од 2MP.
Овој модел нема сензор за отпечатоци, но поддржува Face Unlock е за биометриско отклучување. Батеријата со капацитет од 4950mAh, може преку microUSB порт да се полни до 10W.
Nokia C20 Plus пристигнува во црна и сина боја, со цена од околу 110 долари, а во Кина ќе се продава од 16 јуни.