Сè уште не е продажба, но Tesla Cybertrack на Eлон Маск нафрли уште еден додаток, подготвен за моментот кога конечно ќе се најде на патот.
Канадско-американската компанија за прилагодување автомобили “Локи Бејскамп” штотуку објави нова палета на прилагодени додатоци за кампери наречена „Cybertruck Edition“. Додатокот совршено се вклопува во аголниот, привлечен стил на Сајбертрак. Камионетот се претвора во ултимативно возило за заминување било каде.
Единицата е специјално дизајнирана за аголен кревет. Има кровен носач, надворешни фиоки, соларен електричен систем и можност за користење како независно засолниште.
Има исклучително голема врата за пространиот ентериер која се состои од специјална ниша за спиење, кујна, мијалник со рингла, тоалет, софа која може да се претвори во друг кревет…
Исто така, има систем за контрола на температурата на воздухот, разни приклучоци и паметен систем за управување со енергијата.
Од Локи велат дека единицата ќе започне со цена од 135.000 долари. Самиот Cybertruck треба да биде претставен во салоните во 2022 година.
Извор: B92.net