(Галерија) На терен истрча потресена девојката на Ериксен, данските соиграчи ја тешеа

(Галерија) На терен истрча потресена девојката на Ериксен, данските соиграчи ја тешеа

пред 5 години

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен денеска колабираше на теренот за време на мечот против Финска, на Европското првенство, а веднаш на теренот дотрча неговата девојка Сабрина Квист Јенсен. Додека лекарите се обидуваа да го оживеат Ериксен, фудбалерите на Данска ја тешеа Сабрина.

Медиумите пренесоа дека Ериксен е свесен и надвор од животна опасност. Од Данската фудбалска федерација објавија дека ќе бидат направени дополнителни испитувања.

Иако натпреварот беше прекинат пред крајот на првото полувреме, фудбалерите од двете репрезентации решија да го одиграат уште денес.

(Видео) Ериксен е свесен, ги отвори очите и ја подигна раката по драмата и реанимацијата на теренот

Share
Scroll to Top