Ајкула долга над два метра е снимена како плива крај брегот на хрватскиот остров Корчула, а ова е првпат годинава морски пес да биде забележан во Јадранското Море.
Пливач ја снимил ајкулата во моментот кога таа се доближила до брегот и до плажата во местото Кнеже, на која имало десетина капачи.
Сцената ги вознемири локалните жители, но според експертите, нема причина за загриженост – се работи за ајкула која е локално позната како модруљ и е домашен вид во Јадранското Море. Таа е храни со помали риби, не ги напаѓа луѓето и не е опасна за нив, велат стручњаците за живиот морски свет.