Белингем влезе во историја – најмлад играч кој настапил на ЕП

Белингем влезе во историја – најмлад играч кој настапил на ЕП

пред 3 години

Фудбалерот од средниот ред на Англија, Џуд Белингем стана најмладиот играч кој одиграл натпревар на Европско првенство. Фудбалерот на Борусија Дортмунд има 17 години и 349 дена, а во игра влезе денеска на мечот против Хрватска, во 82 минута.

Претходно најмладиот играч кој настапил на ЕП беше Холанѓанецот Џетро Вилемс, со 18 години. Тој за Холандија играше на ЕП во 2012 година, во Полска и Украина.

Англија со 1-0 попладнево ја совлада Хрватска во првиот меч на ЕП во групата Д.

Share
Scroll to Top