Зидан до новинар: Исклучи ја камерата и дојди да разговараме

Зидан до новинар: Исклучи ја камерата и дојди да разговараме

пред 3 години

Зинедин Зидан, не сака да ги откри зошто заминал од Реал Мадрид. Трофејниот тренер, поднесе оставка на функцијата по завршувањето на сезоната.

Зидан, вчера, бил на стадионот „Ваљекас“, го гледал првиот меч од баражот за пласман во Ла Лига, помеѓу Рајо Ваљекано и Џирона. За Рајо Ваљекано брани синот на Зизу, Лука.

„Господине дали имавте тензична разделба со Реал Мадрид“, го прашал новинарот Серхио Квиранте.

Од одговорот може да се забележи дека Зидан и новинарот немаат пријателски односни.

„Дали ти и понатаму поставуваш глупави прашања? Срамота е ова, секогаш ги правиш истите работи. Се познаваме. Дојди, ајде да разговараме без камери“, му порачал лутиот Зидан на новинарот на „Директо гол“.

Share
Scroll to Top