Во текот на вчерашниот ден (13.06.) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 188 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.