Фолк-пејачката Сања Барбика Цинцева ја промовираше новата песна „Ковид и секс“ која веднаш предизвика коментари во јавноста. „Не ќе те спаси ни скафандер кога сум напалена даун андер. . Не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина, дегустирај полека, немој на екс, може да е опасно ковид и секс“, пее таа. Едни велат дека е одлична пародија на ова што ни се случува, други дека одамна ништо полошо не слушнале. Сања, пак, вели дека тоа ѝ била и целта кога почнала да ја работи песната.
„Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа сакав да го постигнам. Бројот на прегледи расте, а тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа и јас и мојот тим“, вели Цинцева.
Автори на „Ковид и секс“ се Дејан Момировски и Борче Нечовски, а спотот го режираше Дарио Јанковиќ. Докторот во видеото е манекенот Димче Димчевски.
„Видеото е шарено, динамично, одговара на песната. Таа е летна, певлива и влегува во уво на прво слушање“, додаде Барбика и најави дека веќе има закажани настапи за ова лето.