Шпанија имаше апсолутна доминација во текот на сите 90 минути од својот прв меч на ЕУРО 2020 против Шведска, но не успеа да ги победи „трите круни“ во прв меч кој заврши 0:0 на шампионатот.
И покрај предноста на домашниот терен во Севилја, тимот на Луис Енрике доминираше, но пропушти многу шанси (посебно во првото полувреме) за да стартува со поен во групата во која се и Словачка и Полска. Шпанија имаше апсолутно неверојатни 91 отсто од поседот на топката во првите 20 минути игра, но Робин Олсен на голот и шведската одбрана успеаја да изддржат.
Каков беше мечот, најдобро покажува што Микаел Лустиг доби жолт картон за заддржување време, и тоа во 55. минута од мечот. И покрај замените кои ги направи Енрике во вториот дел од второто полувреме, резултатот остана ист. Најчудниот и најболниот меч на ЕУРО 2020 досега.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк