Аплауз за Ериксен што ќе одекне во цела фудбалска Европа

Аплауз за Ериксен што ќе одекне во цела фудбалска Европа

пред 3 години

Ѕвездата на Интер и на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку откри дека на утрешниот меч со Данска, двете репрезентации ќе ја прекинат играта во 10-тата минута во чест на Кристијан Ериксен, неговиот соиграч од италијанскиот клуб.

Ериксен го шокираше фудбалскиот свет кога на првиот меч на Данска против Финска колабираше на теренот во 43. минута од мечот, по што беше клинички мртов и вратен во живот во една од најемотивните фудбалски сцени во поблиското минато.

„Во 10. минута од мечот, ќе ја исфрлиме топката во аут и ќе аплаудираме за Крис. Заедно со цела Данска. Тоа ќе биде нашата почит кон него“, изјави Лукаку.

Share
Scroll to Top