(Видео) Ова е полошо и од „Ковид и секс“, реагираат по новиот обид на Лила да пее

(Видео) Ова е полошо и од „Ковид и секс“, реагираат по новиот обид на Лила да пее

пред 3 години

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска пак се обидува да пее. Откако пред повеќе од двесет години сними дует со водителот Александар Блажевски, после и со Мишко Барзов, Лила пееше и на Охридски трубадури. Таа сега има нова песна „Тешко мене со тебе“, дует со Филип Пешевски.

Но, новата песна на Лила ги подели фановите. На едни им се допадна и ја пофалија, а други велат дека не ѝ личи и овој пат ептен ја утнала работата.

„Изгледа слабо ѝ оди со банкарот, па сега со пеење ќе си ја спасува кариерата?“, „Мислев дека ‘Ковид и секс’ е лошо, ова е на исто ниво“, „Лила, рекламирај накит и креми за подмладување, пеењето остај им го на пејачите“, пишуваат на социјалните мрежи.

Песната „Тешко мене со тебе“ ја напиша Филип Пешевски, а аранжманот го направи Роберт Билбилов. Спотот го сними Томато продукција на неколку локации во Скопје.

Share
Scroll to Top