Синот на Векторија и Дејвид Бекам ќе се жени во вилата на милијардерот Нелсон Пелц

Синот на Викторија и Дејвид Бекам ќе се жени во вилата на милијардерот Нелсон Пелц

пред 2 години

Најстариот сни на фудбалерот Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија, Бруклин наскоро ќе се венча со својата свршеница Никол Пелц. Тие ќе се венчаат во вилата на милијардерот на таткото на Никол, Нелсон Пелц, во Палм Бич на Флорида.

Тие ќе се венчаат на 9 април годинава. Бекам на Инстаграм објави фотографија со свекорот и одделото кое го избрал специјално за оваа пригода.

„Создаваме посебни спомени. Плановите за венчавката се во тек, а родителите се облечени и подготвени“, рече Бекам.

Познато е дека Никол ќе носи венчаница од дизајнерот Валентино, а со нејзината стилистка планира да замине и за Рим за да проба неколку модели. Извори блиски до неа открија дека планира да проба два кои изгледале како од бајка.

„Викторија Бекам го дизајнираше нејзиниот фустан и целосно ја поддржува Никол во нејзиниот избор. Сигурно ќе се појави невестата и во модел кој го дизајнирала Викторија“, рече изворот.

Венчавката ќе се одржи во вилата на Нелсон, која се наоѓа покрај море. Таа има 27 соби и се проценува на околу 90 милиони евра. Познато е дека меѓу гостите ќе бидат манекенката Џиџи Хадид, дизајнерката Никол Ричи и познатиот готвач Гордон Рамзи како и други славни лица.

Иако за венчавката малку се знае, Бруклин и Никол за Денот на вљубените за  „Вог“ открија дека ќе носат мала рамна, црна или обоена капа што ја носат Евреите на традиционалните церемонии.

За потсетување, двајцата почнаа да излегуваат од 2019 година, а само година дена подоцна објавија дека се свршиле.

Share
Scroll to Top