Џенифер Анистон украла фустан од Моника од сетот на „Пријатели“: Го носам и после десет години

Џенифер Анистон украла фустан од Моника од сетот на „Пријатели“: Го носам и после десет години

пред 3 години

Актерите од серијата „Пријатели“, во специјалната епизода што ќе се емитува денес (27 мај), раскажуваат интересни приказни и детали од снимањето на десетте сезони од серијата, кои до сега биле тајна. Една од нив е и дека Џенифер Анистон, која ја глумеше Рејчел Грин, од сетот украла фустан што на снимањето го носела Моника (Кортни Кокс).

„Отидов кај нејзиниот плакар на сетот и го зедов фустанот што го носеше Моника. И после десет години, сè уште го чувам и го носам. Сè уште одлично ми одговара. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цвеќиња, со V и мали ракави“, рекла 52-годишната глумица.

Таа откри и дека Кортни Кокс не украла ништо од сетот, а Лиза Кудроу за спомен си ги зела прстените што ги носеше нејзиниот лик Фиби Бафеј. Лиза зела и теглата за колачиња Cookie Time,  која за неа ја украл Метју Пери (Чендлер).

Дејвид Швимер (Рос) решил да го украси својот дом со постер од „Професорот Гелер“ кој бил закачен во неговата канцеларија, а некое време го возел автомобилот со регистарска табличка „Ги сакам пријатели“, која, без негово знаење, му ја наместил Мет Лебланк (Џои).

Share
Scroll to Top