Само јас можев да ја разбудам од кома: Северина раскажа емотивна приказна за мајка си

Само јас можев да ја разбудам од кома: Северина раскажа емотивна приказна за мајка си

пред 1 година

Хрватската пејачка Северина објави нова слика со својата мајка Ана, за која секогаш вели дека ѝ е најголемата поддршка во животот. Сликата на Инстаграм за еден дена има преку 30 илјади лајкови, а следбениците пишуваат дека Северина има прекрасна мајка.

„Нашата Ана е како девојче“, „Уште долго да биде покрај тебе жива и здрава. Чувај ја, гушкај ја и сакај ја“, се дел од коментарите.

Северина не крие дека е многу приврзана со мајка си. Често знае да ја раскаже приказната како Ана паднала во кома откако ја родила и едвај го преживеала породувањето.

„Мајка ми ме родила со царски рез и не можела да ме земе в раце бидејќи пет месеци била во кома. Јас ѝ бев трет царски рез, и во таа 1972 година не се разбудила. Ме родила во осмиот месец од бременоста, сум имала само 2 килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил да бидам цело време со неа во собата, не давал да ме разделат од мајка ми. Кажал дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме оставала кај неа, додека таа спиела,“ знае да каже Северина за својата хрватските медиуми.

Share
Scroll to Top