(Видео) Ана Винтур ја игнорираше Ким Кардашијан на модна ревија во Париз

(Видео) Ана Винтур ја игнорираше Ким Кардашијан на модна ревија во Париз

пред 7 месеци

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур присуствуваа на модната недела во Париз и на ревијата на Викторија Бекам. Ким малку подоцна влегла во собата и го поздравила Дејвид Бекам, а кога поминала покрај Ана ја свртела главата во друга насока.

На социјалните мрежи се пишува дека Ана ја игнорирала Ким, а видеото од необичниот момент се прошири на социјалните мрежи.

Сепак, како што пишува „Пејџ сикс“, тие седеле еден до друг во текот на целото шоу и Винтур станала да го смени седиштето. Кардашијан носела розев свилен фустан и сребрен накит во форма на крст, а Ана била облечена во црвено палто.

Ким сподели слично видео на своите социјални мрежи, но го отсече делот во кој Ана го тргна погледот од неа.

Да потсетиме, во премиерата на четвртата сезона на реалното шоу „The Kardashians“, гледачите ги дочека жесток конфликт меѓу Ким Кардашијан и Кортни Кардашијан Баркер (44). Драматичната ситуација меѓу сестрите беше прикажана и во последната сезона од шоуто, но се чини дека нивниот однос никогаш не бил полош од сега.

@michelleyeohrocks #kimkardashian #annawintour ♬ award season – Maya Kuriel

Share
Scroll to Top