Дефанзивецот на Лацио, словачкиот репрезентативец Денис Вавро е позитивен на коронавирусот, соопшти селекторот Стефан Тарковиќ.
Освен Вавро, позитивен на Ковид 19 е и член на стручниот штаб на Словачка, од каде соопштија дека следните чекори ќе ги направат по договорот со УЕФА.
„По редовното тестирање, имаме два позитивни случаи на коронавирус. И играч и член на стручниот штаб веднаш се издвоени од останатите од тимот и се наоѓаат во самоизолација“ изјави селекторот Тарковиќ.
Наредниот меч за Словаците е в петок против Шведска откако во воведното коло направија изненадување совладувајќи ја со 2-1 селекцијата на Полска. Шведска на стартот успеа да одигра 0-0 против фаворитот Шпанија.