Теренс Мен ги однесе Клиперси во финалето на Западот

Теренс Мен ги однесе Клиперси во финалето на Западот

пред 3 години

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, во НБА лигата, Јута Џез, не успеа да се пласира во конференциското финале. Јута Џез со 4-2 ја загубија серијата од Лос Анџелес Клиперс. На домашен терен, Клиперси славеа во шесттиот меч со 131:119.

Без најдобриот играч, Каваи Ленард, Клиперс до победата ги однесе Теренс Мен. Бекот на Клиперс постигна рекордни во кариерата 39 поени. Мен е првиот играч на Клиперси уште од 1997 година, кој постигнал 20 или повеќе поени во една четвртина.

Мен го раздвижи својот тим во третата четвртина, кога Клиперси успеаја да ја надополнат негативата од 22 поени, колку што водеше Јута на полувремето. Во третиот период Клиперси се доближија на пет поени негатива, а потоа во решавачкиот квартал го прегазија противникот.

Покрај Мен, кај Клиперси блескаа Пол Џорџ со 28 и Реџи Џексон со 27 поени и 10 асистенции.

На Јута не и помогна ниту Донован Мичел, кој повторно одигра маестрално, постигна 39 поени.

Лос Анџелес Клиперс во финалето на Западот ќе играат против Финикс Санс.



Share
Scroll to Top