Барселона го потврди трансферот на Мемфис Депај

Барселона го потврди трансферот на Мемфис Депај

пред 3 години

Барселона, во екот на Европското првенство, го претстави третото бесплатно засилување во актуелниот преоден рок. По Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, од наредната сезона дресот на Барселона ќе го носи и Мемфис Депај.

Дека Депај го потпишал договорот, Барселона обајви во текот на првото полувреме од натпреврот Германија-Португалија.

Овој 27-годишен напаѓа, претходните четири и пол години ги мина во редовите на Олимпик Лион. За францускиот тим одигра 178 натпревари на кои постигна 76 голови. Минатата сезона, на 40 натпревари за Лион, постигна 22 гола и забележа 12 асистенции.

Share
Scroll to Top