Италијанските државни институции започнаа постапка против медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира против Ковид-19, како што налага законот.
Според тамошните медиуми има 45.753 медицински сестри, техничари, лекари и други медицински асистенти а од вкупниот број на лекари, само 0,2 проценти се оние кои одбиваат вакцинација.
Синдикатот на лекарите има јасен став за имунизација на медицинскиот персонал, а во официјалното соопштение се нагласува дека „е неприфатливо лекарите да не се вакцинираат“.
Законот предвидува, како прва мерка, овие лица кои одбиваат да примаат вакцина да бидат префрлени на друго работно место, така што тие ќе немаат директен контакт со пациентите, следната мерка е присилен одмор, а третата казнена мерка е суспензија и стопирање на месечната плата.
Законот е на сила до крајот на оваа година и не предвидува отпуштање на оние кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.
Региони со најголем број медицински персонал кои одбиваат да се вакцинираат се Емилија-Ромања, Сицилија, Пуља и Фриули-Венеција Џулија.