Русија: Засега не испраќаме војска во Украина

пред 2 години

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека засега не испраќа војска во источна Украина, пренесува АФП.

Претходно беше најавено дека Русија ќе испрати војници во Донецк и Луганск, поточно на териториите чија независност од Украина вчера ја призна рускиот претседател Владимир Путин.

АФП јави и дека претставниците на НАТО и Украина денеска треба да одржат итен состанок.

Share
Scroll to Top