Бизарниот кодекс на облекување на Вимблдон на сила!

Бизарниот кодекс на облекување на Вимблдон на сила!

пред 3 години

Иако турнирот официјално не е започнат, славниот традиционален кодекс на облекување во бело веќе предизвика прва контроверза во 2021 година.

25-годишната холандска тенисерка Инди де Фроме (206. на ВТА листата), откри дека при поразот од Русинката Ана Калинскаја во второто коло на квалификациите добила предупредување од судијката дека внатрешноста на нејзината капа „не е доволно бела“.

Правилото број 7 на официјалниот кодекс на облекување на Вимблдон е јасен: „Капите, вклучувајќи ја и внатрешната страна, стегачите за глава, марамите, стегачите за раце и чорапите мораат да бидат целосно  бели освен една линија боја, која не смее да биде поширока од еден сантиметар“.

Ова не е првпат кодексот за облекување да предизвика контроверзи. Австралиецот Џон Милман пред неговиот меч со Милош Раонич доби предупредување дека неговите гаќи се премногу шарени, по што тој мораше да го прати својот татко да купи нови.

Во 2017 година, Венус Вилијамс мораше да ги смени својот розов градник во сред меч против Елизе Мертенс, додека во 2015 година, Јуџини Бушар за малку ќе беше исклучена поради црн градник, иако тој целосно беше скриен.

Share
Scroll to Top