Обвинителката Фатиме Фетаи синоќа околу полноќ имала сообраќајка во скопската населба Чаир. Таа била полесно повредена и веднаш била пренесена во Градската болница „Свети Наум Охридски“.
Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди. По прегледите таа била пуштена од болница. Засега нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје , а и од МВР ја потврдија веста.