Хејли Бибер имала мозочен удар

Хејли Бибер имала мозочен удар

пред 2 години

Сопругата на канадскиот пејач Џастин Бибер, Хејли минатата недела била итно хоспитализирана поради мозочен удар кој го добила како резултат на згрутчување на крвта во мозокот.

Ова го потврди и Хејли која кажа дека проблемите ѝ се јавиле додека пешачела. Лекарите ѝ кажаа дека добила симптоми типични за постари луѓе.

„Ми открија дека сум имала мало згрутчување во мозокот и дека ми бил намален доводот на кислород. За среќа телото брзо ми се опорави и од тогаш сум дома. Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа“, рече Хејли.

За потсетување, претходно, извори блиски до неа рекоа дека проблемите биле поврзани со коронавирусот. Тие потсетија и дека неодамна Џастин Бибер морал да го откаже концертот во Лас Вегас поради корона, но и дека пејачот се опоравил од болеста.

Share
Scroll to Top