Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за длабоките поделби во Европската Унија.
Тој го изјави ова по повод разговорите што беа одржани на самитот на Европската Унија за Русија и за законите за хомосексуалците во Унгарија.
Во изјава за новинарите, тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми.
„Но, ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ“, нагласи Курц.
Кога станува збор за Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука.
“Неопходна е стратегија на ЕУ кон Русија. ЕУ не може да чека дали ќе се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија”, подвлече Курц.