Барса мора да „ослободи“ 200 милиони евра ако Меси реши да остане

Барса мора да „ослободи“ 200 милиони евра ако Меси реши да остане

пред 3 години

Барселона ќе мора да продаде многу играчи за да го „олесни“ буџетот за да може да си го приушти останувањето на Лионел Меси во тимот, односно да ги испочитува правата на Ла лига, тврдат шпанските медиуми.

Според „РАЦ1“, Барселона ќе мора да „ослободи“ околу 200 милиони евра во плати ако Меси се обврзе да остане на „Ноу Камп“, бидејќи клубот има огромни долгови, а веќе обезбеди доаѓање на нови четири фудбалери (Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Емерсон Ројал и Мемфис Депај).

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта пред неколку дена објасни дека ситуацијата со правилата на Ла лига е сериозна и дека за секои 100 милиони евра кои ќе ги „ослободат“, ќе можат да искористат 25 милиони евра.

Останува да се види кој ќе замине од Барселона и кој не е во планот на тренерот Роналд Куман.

Share
Scroll to Top