Гвардиола ја забележа јубилејната 200 победа

Гвардиола ја забележа јубилејната 200 победа

пред 3 години

Манчестер сити, постави нов рекорд во англискиот фудбал, а Пеп Гвардиола ја забележа јубилејната 200 победа како менаџер на „граѓаните“. Сити, против Свонси во ФА купот, ја забележаа 15 победа во сите натпреварувања.

Манчестер сити со головите на Вокер, Стерлинг и Жесус, кај Свонси славеа со 3:1.

За Гвардиола ова беше 200 победа во 268 натпревар на клупата, на Манчестер сити. Во овие 268 натпревари, фудбалерите на Манчестер сити, 31 пат одиграле нерешено, забележале 37 порази и остигнале 659 голови.

Share
Scroll to Top