Шпанија ќе го пречека Косово според протоколите на ФИФА и УЕФА

Шпанија ќе го пречека Косово според протоколите на ФИФА и УЕФА

пред 3 години

Квалификацискиот натпревар помеѓу Шпанија и Косово, во Севилја, ќе се одигра според сите протоколи предвидени за вакви натпревари.

Шпанија не ја признава државноста на Косово. Пред неколку дена од таму дојдоа најави дека нема да дозволат знамето на Косово да стои до шпанското и дека нема да биде интонирана химната.

Откако Косово се закани дека случајот ќе го пријават во ФИФА и УЕФА, а Шпанците добија предупредување од Интернационалниот олимписки комитет, решија да попуштат.

Во врска со ова се огласи и Министерството за надворешни работи на Шпанија, со соопштение во кое се вели дека натпреварот ќе се игра според утврдените протоколи, но тоа не значи дека Шпанија го признава Косово како независна држава.

Share
Scroll to Top