Претседателот на Аталанта за продажбата на Диало: Маестрално завршена работа

Претседателот на Аталанта за продажбата на Диало: Маестрално завршена работа

пред 4 години

Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси открива дека Манчестер јунајтед пред повеќе од една година го искажале интересот за Амад Диало, и се пофали дека договорот од 37 милиони фунти е „маестрално завршена работа“ од страна на неговиот тим.

Додека фановите на Јунајтед очекуваа големи трансфери во текот на летниот преоден рок, беа зачудени од големата сума која „ѓаволите“ ја платија за 18-годишниот фудбалер, кој најверојатно дури во јануари ќе пристигне во тимот. Перкаси открива дека потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд станал заинтересиран за Диало кога го гледал на меч од Младинската ЛШ.

„Преговорите со Манчестер јунајтед траеја речиси цела година. Деталите и сценариото е лудо. состанок по состанок научивме некои незамисливи работи. Ова придонесува за растот на нашиот клуб и ја збогатува работата на сите – од генералниот менаџер Умберто Марино до целиот тим. Јунајтед не контактираа неколку дена по мечот во Младинската ЛШ против Манчестер сити и тогаш почнаа вистинските преговори. Двапати бевме во Англија, а текстот на конечниот договор е маестрален“, вели Перкаси.

Share
Scroll to Top