Зидан: Ќе се бориме до крај, не се мешам во работата на судиите

Зидан: Ќе се бориме до крај, не се мешам во работата на судиите

пред 3 години

Зинедин Зидан вети дека Реал Мадрид ќе се борат до крај против Атлетико Мадрид за титулата во Шпанија, откако Карим Бензема спаси 1:1 реми со градските ривали за да ја направи трката за титулата поинтересна, а во исто време не сакаше да зборува за тоа дека „кралевите“ биле оштетени за пенал.  Резултатот ги остава „кралевите“ на пет поени од Атлетико (со натпревар повеќе).

„Целта е да се продолжи да се бори до крај. Знаеме дека има уште многу до крај и ќе одиме и ние дотаму. Работите може да се сменат. Можеме да бидеме и подобри и тоа е целта. Горд сум на моите фудбалери.

Фелипе играше во рака во второто полувреме, но Зидан одби да ги критикува судиите.

„Не сакам да се мешам во работата на судиите, и така нивната работа е тешка. Тој реши да ја погледне ситуацијата и да не досуди пенал и го почитуваме тоа. Знаеме дека е компликувано, но мора да го почитуваме“, вели Зидан.

Share
Scroll to Top