Кејн и другарите вежбаат пенали пред дуелот со Германија

Кејн и другарите вежбаат пенали пред дуелот со Германија

пред 3 години

„Гордиот албион“ првопласиран ја заврши групата Д, пред Хрватска, па избраниците на Герет Саутгејт ги очекува осминафинален предизвик против Германија на селекторот во заминување – Јоаким Лев.

Англија никогаш во историјата не победила меч во нокаут фазата по 90 минути игра и никогаш не ја исфрлила Германија по подобро изведување на пенали. Затоа Саутгејт ги натерал Хари Кејн и другарите да вежбаат пенали пред дуелот со „панцирите“.

„Со оглед на тоа како ни оди досега, многу вежбавме пенали за секој играч да го задржи фокусот ако тој дојде на ред“ изјави Џон Стоунс за „ББС“.

Англичаните осумпати на големите натпреварувања дошле до пенали, ама само двапати поминале понатаму. На ЕУРО 1996 во четвртфинале така ги исфрлија Шпанците, пред во полуфиналето на ист начин да бидат елиминирани од Германија. Тогаш трагичар беше актуелниот селектор на Англија, Саутгејт.

На СП во Италија 1990 во полуфинале на ист начин беа запрени од Западна Германија, а на пенали неславно беа елиминирани и во 1998 а СП, на ЕУРО 2004, на СП 2006 и на ЕУРО 2012.

Проклетството го скршија на СП во Русија кога ја елиминираа Колумбија.

„Поентата на овие вежби (пеналите) е сите да се чувствуваме пријатно во таа ситуација. Освен Кејн и момците кои шутираат пенали, за останатите ова е непозната зона“ смета Стоунс.

Дуелот Англија – Германија се игра во вторник, од 18 часот.

Share
Scroll to Top