ФИА го предупреди Ферстапен за славењето во Австрија

ФИА го предупреди Ферстапен за славењето во Австрија

пред 3 години

Директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси го предупреди победникот на неделната трка во Австрија, Макс Ферстапен дека нема да се толерира неговата прослава на трката со „горењето“ гуми пред неговите механичари.

Иако ваква прослава не е спротивна на правилата, а возачите честопати слават и со вртење, Маси објасува дека локацијата на прославата била опасна и ги предупреди Ред бул дека следниот пат ќе бидат казнети.

„Веднаш им кажав дека такво нешто нема да биде толерирано во иднина. Тоа беше опасна ситуација“, вели Маси.

Неделната победа беше четврта во осум трки за Ферстапен, со која ја зголеми предноста пред Луис Хамилтон во Мерцедес на 18 поени. Бидејќи имаше доволно голема предност пред возачите на Мерцедес, Ферстапен успори пред финишот, по што ги „гореше“ гумите оставајќи две ленти зад него.



Share
Scroll to Top