Куман веќе ја добил довербата на Лапорта за следната сезона?

Куман веќе ја добил довербата на Лапорта за следната сезона?

пред 3 години

Шпанските медиуми тврдат дека првиот состанок помеѓу новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта и тренерот на клубот, Роналд Куман поминал толку добро, што е речиси сигурно дека Холанѓанецот ќе остане на клупата и следната сезона.

Иако се работело за неформален состанок, според „Марка“, Лапорта директно му кажал на Куман дека сака да го заддржи на клупата, иако претходно добил исто уверување и пред гостувањето кај Пари Сен-Жермен во Париз, првата победа на клубот по победата на изборите.

Според нивните извори, Куман побарал да има конечен збор околу тоа кои засилувања ќе се донесат во клубот, бидејќи сака да му бидат купени играчи кои ќе му бидат „корисни“.

Share
Scroll to Top