Непознат обложувач успеал да го погоди точниот резултат на синоќешните два натпревари меѓу Хрватка и Шпанија и Франција и Швајцарија. Со вложени пет евра, тој освоил 106.875 евра. Тој уплатил само пет евра и ги одиграл точните резултати 3:3 на двата натпревари.
Вкупната квота изнесувала 22.500. За потсетување, двата натпревари синоќа имаа неверојатна завршница, откако и Хрватска и Швајцарија успеаја во последните мигови од натпреварот да го изедначат резултатот. Хрватска изгуби во продолженијата, додека Швајцарците беа подобри од Французите во изведувањето на пеналите.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира





