Научниците откриле подземни езера на Марс, но, не знаат како се нашле таму

Научниците откриле подземни езера на Марс, но, не знаат како се нашле таму

пред 3 години

Научниците откриле подземни езера на Марс, но, не знаат како се нашле таму. Тие уште во 2018 година објавиле дека со помош на радар откриле кал по прашливата површината на планетата. Тоа им укажало на постоење на подземен резервоар со вода.

Новите анализи откриле повеќе такви дамки и па се претпоставува дека под површината на Марс се крие цела мрежа на подземни езера. Тие велат дека досега на Марс не нашле капка вода, но, убедени се дека постојат подземни резервоари.

Научниците велат дека подземните езера можат да предизвикаат целосен пресврт во сваќањето на геологијата на Црвената планета. Но, збунувачко за нив е тоа што некои од тие езера се наоѓаат на места кои се премногу студени за да може да има течна вода на нив.

„Засега не сме сигурни дали сигналите кои ги имаме добиено ги покажуваат подрачјата со течна вода, но, сигурни сме дека тие светли дамки се распостранети на многу повеќе места отколку што мислевме. Или течната вода е честа појава на јужниот пол на Марс, или овие сигнали укажуваат на нешто сосема друго“, изјавил научникот Џефри Плаут од институтот на НАСА.

Првата таква дамка била забележана на јужниот пол на Марс, со радарот на леталото Mars Ekspres. По деталните анализи, откриени се уште три ваквки дамки кои наликуваат на езеро.

„Некои видови на материјали ги одржуваат сигналите на радарот подобро од другите, меѓу нив спаѓа и течната вода“, изјавила за „Сајенс Алрт“, научничката Грациела Капарели од Универзитетот во Австралија.

Таа вели дека ако сигналите кои доаѓаат под земјата се посилни од оние кои се одбиваат од површината, тогаш веројатно станува збор за течна вода.

Од Универзитетот Аризона, ја прошириле потрагата за светли дамки. Тие пронашле десетина високи рефлектирачки подрачја. Сепак некои од нив се наоѓале на километар под површината, каде температурата изнесувала и 63 степени под нулата.

Научниците претпоставуваат дека водата е полна со калциум и магнезиум и дека може долго да остане во течна состојба и на 123 степени под нулата.

Исто така Марс е богат со сол и натриум. Студија од 2019 година покажала дека нема доволно количини на сол за топење на ледот во подножјето на слоевите со наслаги на јужниот пол на Марс. Експертите заклучиле дека за топењето да може да се случи, мора да постои некаков облик на геолошко загревање, можеби во облик на геотермална активност или вулканизми.

Но, иако постојат докази за вулкански активности на Марс, тие се детектирани над подрачјето на половите.

„Една од можностите за добивање на ваквки количини вода е вулканизам. Но, досега немаме видено цврсти докази за неодамнешни вулкански активности на јужниот пол. Се чини малку веројатно е дека вулканската активност на едно подрачје да овозможи постоење на подземни течни води на целата планета“, изјавила Капарели.

Истражувањата се објавени во магазинот Geophysical Research Letters.

Share
Scroll to Top