Каменица Саса ќе игра против Јувентус во Лигата на шампиони за жени

Каменица Саса ќе игра против Јувентус во Лигата на шампиони за жени

пред 3 години

Каменица Саса, македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампиони во женска конкуренција, на 18 август ќе игра против италијанскиот клум Јувентус. Фудбалерките на Саса ќе гостуваат во Торино, како дел од полуфиналниот натпревар од групата 8.

Македонија ќе има три претставници во новата сезона од женската Лига на шампионите. Покрај Каменица Саса, најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, со Леванте ќе настапи против Селтик, а голманката Викторија Донева, која настапува за НСА Софија, ќе игра против украинскиот тим Харков.

Share
Scroll to Top