Рене Зелвегер во врска со 10 години помлад новинар: Не можете да ја бирате љубовта

Рене Зелвегер во врска со 10 години помлад новинар: Не можете да ја бирате љубовта

пред 3 години

Холивудската ѕвезда Рене Зелвегер (52) е во врска со британскиот новинар Eнт Eнстед (42), пишува магазинот „Пипл“. Тие се заедно неколку недели, што за многумина е изненадување, бидејќи Енстед неодамна го финализираше разводот со Кристина Хаг, sвездата на Flip or Flop, со која има двегодишен син.

„Не можете да ја запрете судбината, ни да ја бирате љубовта“, рекол извор близок до Рене за магазинот „Пипл“. „Понекогаш двајца едноставно ќе се сретнат и ќе кликнат, и тајмингот е добар.“

„Рене е креативна и затоа избира мажи што не размислуваат конвенционално. Таа е паметна, промислена и секогаш настојува да ги прошири хоризонтите и да ги негува тие околу себе. Тој е креативен маж со многу интереси, таа сака да пишува и да продуцира, така што имаат многу работи за кои можат да разговараат кога се заедно,“ рекол истиот извор и додал дека глумицата и новинарот за сега не сакаат да се појавуваат заедно во јавноста.

 

Share
Scroll to Top