(Видео) Нејмар голот за ПСЖ ѝ го посвети на бразилската пејачка Мендоса која загина во авионска несреќа

(Видео) Нејмар голот за ПСЖ ѝ го посвети на бразилската пејачка Мендоса која загина во авионска несреќа

пред 2 години

Бразилскиот фудбалер Нејмар се прости од омилената пејачка Мариља Мендоса, која трагично загина во саботата во авионска несреќа. Тој еде од двата гола кои ги постигна во дресот на ПСЖ против Бордо во француското првенство ѝ го посвети на неа.

ПСЖ го доби овој натпревар со 3:2. Нејмар и Мариља беа добри пријатели, а таа настапи и на неговиот роденден.

„Едно од најдобрите изненадувања во мојот живот. Ми беше чест што ми пееше за роденден. Ќе бидам твој вечен обожавател. Почивај во мир“, напиша Нејмар по неговата роденденска забава на која настапи Мариља.

Мендоса беше позната по бразилската кантри музика, а зад себе остави големо музичко наследство, како за Бразилска, така и за регионалната култура.

Таа за време на несреќата патувала за својот следен настап, а причините до кои дошла авионската несреќа засега се истражуваат.

(Видео) Бразилска пејачка загина за време на летот на нејзиниот концерт

Share
Scroll to Top