(Видео) Тамара Стојковска најави летен хит

(Видео) Тамара Стојковска најави летен хит

пред 3 години

Пејачката Тамара Стојковска има нова песна, „Не ме оставај“. Музиката и аранжманот се на Николче Мицевски, а текстот го напиша Весна Малинова. Видеото го снимија Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев.

„’Не ме оставај’ е моја четврта песна, во која се менуваат неколку музички жанрови. И покрај својата суптилност и нежност, песната со себе носи бура од емоции“, вели Тамара и додаде дека се надева дека песната ќе биде летен хит.

Младата пејачка претходно ги испеа „Кажи нешто ново“, „Друга ѕвезда“ и „Жедни“.

Share
Scroll to Top