Музичката ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се на одмор во Црна Гора. Тие уживаат на плажите во местото Портонови. „Место за уживање и хедонизам“, напиша пејачката.
И додека двајцата уживаат летовото во Црна Гора, нивните фанови се скaраа за нивниот изглед. Некои ја пофалија пејачката дека изгледа одлично, додека други ја искритикуваа и ѝ напишаа дека се нагрдила со операциите.
„Беки секогаш остана број еден. Карактер, стил, интелект, сила, убавина. Сè во едно“, напиша една нејзина обожавателка, додека друг ја критикуваше и напиша дека повеќе не може да ги познае.
„Каде ти се очите. Гледаш ли дека целата е оперирана. Повеќе не е истата. Не можам да ја гледам. Парите не се сè во животот“, и напиша тој.