Летонската НХЛ ѕвезда Кивленикс почина на 24 години по пад на глава

Летонската НХЛ ѕвезда Кивленикс почина на 24 години по пад на глава

пред 3 години

Летонскиот голман Матис Кивленикс, член на НХЛ тимот Колумбус блу џекетс, почина на само 24 години, откако добил повреда на главата при трагичен пад.

„Медицинскиот персонал бил повикан веднаш, но тој починал кратко по падот. Шокирани сме од губитокот на Матис Кивленикс и праќаме порака на сочувство до неговата мајка Астрида, до неговото семејство и до пријателите. Киви беше фантастичен млад човек кој во четири години имаше огромно влијание на нашиот тим, изјави претседателот на хокеарски операции на Блу џекетс, Џон Дејвидсон.

Кивленкис стартуваше во два меча на Колумбус минатата сезона, а неодамна играше за Летонија на Светското првенство, каде што беше стартер во осум меча.

Share
Scroll to Top