Манчини лут пред полу-финалето: Ова не е фер

Манчини лут пред полу-финалето: Ова не е фер

пред 3 години

Италија и Шпанија, вечерва, ќе го одиграат првото полу-финале на Европското првенство. Овие две селекции имаат долго ривалство зад себе, во Лондон ќе го одиграат 34.меѓусебен дуел. Шапнците имаат 12 победи, Италијанците девет, 12 пати одиграле нерешено. Последната нивна средба, во 2017 година, заврши со победа на Шпанија 3:0, додека последен пат на Европско првенство играле во 2016 година, тогаш со 2:0 победи Италија.

„Какви ни се шансите за пласман во финалето? Па тие се 50 отсто“, рекол италијанскиот селектор, Роберто Манчини, под чија палка Азурите немаат пораз на последните 32 натпревари.

Португалците, во септември 2018 година се последната репрезентација која ја победила Италија.

Манчини, пред дуелот со Шпанија, го изразил незадоволството што британските власти им забранија влез во државата на навивачите од Италија, Шпанија и Данска.

Само Италијанци и Шпанци кои живеат во Велика Британија ќе можат да навиваат на Вембли за своите селекции.

„Тоа не е фер“, рекол Манчини, иако домаќинот најавува дека натпреварот ќе го следат 60.000 навивачи. Проблемот за Италија и Шпанија е тој, што тие навивачи се Британци и ќе бидат неутрални.

„Подобри сме кога играме пред голем број навивачи, отколку кога на трибините нема или има малку гледачи. Тоа е добро за фудбалот. Меѓутоа, сметам дека не е коректно што капацитетот нема да биде исполнет со навивачи на Италија и Шпанија“.

Share
Scroll to Top