Апликацијата Jaxon е новата, број еден дестинација каде еспорт навивачите ќе добиваат новости за нивните омилени игри и натпревари
Samsung и upday заеднички ја лансираат апликацијата Jaxon, сосема нова апликација за eспорт вести. Апликацијата им ги презентира на еспорт фановите најновите вести од еспортот и гејмингот поврзани со League of Legends, Dota 2, Fortnite, CS: GO и Valorant и други познати наслови. Jaxon е веќе достапна за преземање од Galaxy Store и Google Play Store.
Еспорт сцената расте со забрзано темпо, привлекувајќи сè повеќе и повеќе особено млади обожаватели. Во 2021 година, еспорт публиката порасна за 8,7% или на веќе 474 милиони, што е зголемување за 19% во споредба со 2019 година. Оваа публика ќе продолжи да расте со годишна стапка од 7,7% и се очекува да достигне 577,2 милиони до 2024 година.
Со оглед на фактот дека еспортот веќе е глобален феномен, обожавателите сакаат да ги следат најновите вести и трендови. Заедно со зголемениот апетит за консумирање релевантна содржина, форматот на посакуваната содржина станува се поширок и поразновиден. Покрај емитувањето турнири и разни натпревари во Еспорт Лигата, на платформи како што се Twitch и Youtube, многу фанови посакуваа платформа што ги обединува и класифицира највозбудливите настани за еспорт во светот. Токму затоа, Samsung заедно со upday разви апликација која им ги донесува на навивачите најновите содржини и вести за еспорт. На апликацијата Jaxon, покрај прегледот на сите релевантни новости, обожавателите добиваат и внимателно одбрана содржина од искусен уреднички тим.
Покрај вести и разновидни содржини на Jaxon, љубителите на еспорт ќе можат да најдат инајнови коментари, возбудливи приказни за денот на натпреварите и ексклузивни интервјуа за игрите што ги сакаат, како што се League of Legends, Fortnite, CS: GO, Dota2 и Valorant.
За корисниците на Jaxon да бидат што е можно поблиску до акцијата, Samsung и upday планираат партнерства со разни издавачи на игри и играчи во еспорт универзумот. Оттука, секој од избраните инфлуенсери кои креираат еспорт содржина, како што се Medic (League of Legends), AndersOnFire (CS: GO), и MitchMan (Valorant), ќе произведува по две ексклузивни видеа месечно.
Корисниците можат да прилагодат кои новости и формати сакаат да ги гледаат следејќи ги каналите на нивните омилени игри. Trending feed ги обединува најважните вести за еспорт во формат на цел екран, тој се фокусира на видео содржина што може да се гледа брзо, едоставно и безбедно. Само со еден потег на прстот, многу лесно и едноставно може да се префрлите на омилените канали за игри каде што соодветната содржина е претставена во наменски feed. Функцијата на интегриран календар им овозможува на навивачите да го проверат почетокот на следните турнири или кога повторно ќе играат еспорт ѕвездите.
Друга посебна карактеристика на апликацијата е истоимениот лик Jaxon. Тематскиот лик од вселената има за цел да им даде нов спин на новостите за игрите. Jaxon ќе биде во центарот на апликацијата и брендот како елемент на дизајнот, инфлуенсер на социјалните мрежи, автор, советник и офлајн карактер. Jaxon секогаш ќе го споделува своето мислење за актуелните еспорт теми на духовит и информативен начин.
„Еспортот е страст за многу наши корисници.“- вели Бенџамин Браун, главен директор за маркетинг во Samsung Европа. „Со апликацијата Jaxon создадовме едно место каде навивачите на еспорт можат да ги следат најновите вести и содржини од игрите, осигурувајќи се дека никогаш нема да пропуштат ни момент од натпреварите и играчите што ги сакаат. Сите ние кои играме Fortnite и League of Legends ја знаеме возбудата на играта и нејзините натпревари “.
„За прв пат, Jaxon ги обедини сите најнови еспорт вести и содржини во една беспрекорна апликација, што значи дека навивачите никогаш нема да ги пропуштат новостите за нивните омилени игри, натпревари и еспорт играчи.“ –вели Питер Виртенбергер, извршен директор на upday.