Поголемиот дел од услугите за стриминг, без разлика дали се работи за оние што ви дозволуваат да гледате ТВ серии или филмови, или оние што пренесуваат музика, забележуваат зголемување на цените на претплатите. Сега во оваа група се приклучи и популарниот Spotify.

Spotify е еден од најпопуларните стриминг сервиси, фокусиран на пуштање музика, а според новите информации, компанијата планира да ги зголеми цените на претплатата за своите услуги.

Ова го соопшти Данијел Ек, извршниот директор на компанијата, кој посочува дека во моментов се чекаат договори со големите издавачки куќи, по што се очекува да се спроведе зголемување на цените на претплатата.

Минатата година компанијата најави можност за зголемување на цените на претплатата во САД, па оваа информација не е изненадување.

Spotify моментално е меѓу најевтините услуги за стриминг музика во премиум сегментот, меѓу кои се Apple Music, Amazon Music и Tidal.

Со години, цената на претплата за индивидуален план на услугата Spotify е 9,99 долари, додека некои други услуги ја зголемија цената на повеќе од 10 долари.