Данците се најбогати, а Романците најсиромашни во Европа

Данците се најбогати, а Романците најсиромашни во Европа

пред 3 години

Жителите на Данска се најбогатите во Европската Унија, покажува извештајот кој го направи Централната банка на Данска. Според овој извештај, Романците се оние кои се најсиромашни.

По Данците, најбогати се Холанѓаните, Луксембуржаните и Швеѓаните. Најсиромашни се Романците, чии финансиски имоти во просек изнесуваат само 10.700 евра. Меѓу најсиромашните се и Хрватска, Бугарија, Литванија и Грција.

Според овој извештај, секое данско домаќинство во просек имало по 250.000 евра во четвртиот кврател од 2020 година. Данците се и едни од најзадолжените нации во Европската унија. Нивниот долг во просек изнесува 75.300 евра. Само жителите на Луксембург се повеќе задолжени од нив.

Едно домаќинство во Луксембург во просек има долг поголем од 88.000 евра. Овој извештајот покажува дека, најголем дел од богатството е во недвижен имот, а многу помалку е во пари.

Просечното нето-богатство на едно данско домаќинство во просек изнесува 177.500 евра, што е трипати поголемо од просекот на жителите од другите земји во Европската унија.

Постојат големи разлики во богатството на Данците. Анализата утврди дека нивното богатство пораснало во првиот квартал од оваа година, и тоа во просек по 3.2500 евра по лице.

Извор/CNBC

Share
Scroll to Top